Унгарија го затворила реакторот во нуклеарната централа Пакс поради дефект на контролната опрема, соопшти националната новинска агенција МТИ.
Централната е оддалечена пет километри од градот Пакс, во централна Унгарија и 100 километри од Будимпешта.
Четири реактори на оваа централа произедуваат повеќе од 50 отсто од електричната енергија во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.