| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатната Лина продолжува да импресионира

lina gjorceska

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ИТФ турнирот вреден 50.000 американски долари во Бурса, Турција.

Во второто коло на турнирот во поединечна конкуренција, Ѓорческа, која е осма носителка, славеше во три сета против Русинката Анастасија Комардина со 3-6,6-1,6-2.

Во утрешното четвртфинале, македонска тенисерка ќе се соочи со подобрата од дуелот меѓу Украинката Страхова и Грузијката Горгодзе.

Токму Украинката и е дубл-партнерка на Ѓорческа со која се пласираше во четврфиналето на турнирот во двојки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top