| четврток, 6 декември 2018 |

Само едно нане е вистинско, откријте кое

Само едно е вистинското нане – тоа што како главна состојка го содржи ментолот. Ментолот има специфично лековито дејство, покрај другите активни супстанции што ги содржи. Лековитото дејство на нането на прво место се заснова на етеричните масла што ги содржи, односно, ментол, танини и флавоноиди.

Ментолот предизвикува ширење на коронарните крвни садови при ангина пекторис (стенокардиа), а влијае и врз ширењето на крвните садови на мозокот и белите дробови.

Ментолот со танините делува при нарушување на желудникот и на цревата: ги ублажува болките, ги смирува грчевите, помага при дување на стомакот, помага при дијареа, поттикнува подобра дигестија, ја смирува мачнината и надразнувањата при повраќање, делува антисептички.

Етеричното масло и флавоноидите од листовите делуваат врз создавањето и излачувањето на жолчниот сок и до 9 пати, се додека не се постигне максималното делување, а при тоа ментолот делува како дезинфициенс.

Благиот чај од нане ги олеснува потешкотиите при менструација, а делува смирувачки и при нервоза, раздразливост и несоница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top