| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен наградниот фонд на Отвореното првенство на САД

us open

Отвореното првенство на САД во тенис го зголеми наградниот фонд за оваа сезона за четири милиони долари и ќе изнесува 46,3 милиони долари.

Победниците во машка и во женска конкуренција ќе заработат по 3,5 милиони долари, што е за 200.000 долари повеќе од лани. Поразените во финалниот меч ќе добијат по 1,75 милиони долари, а поразените во првото коло ќе заработат по 43.300 долари.

Натпреварите на „Флешинг медоу“ почнуваат на 29 август, а титулите ги бранат Новак Ѓоковиќ во машка и Флавија Пенета во женска конкуренција. Италијанка веќе се пензионира по победата во италијанското финале против Винчи и нема да настапи оваа сезона.

За првпат по подолго време еден македонски тенисер се очекува да се пријави во квалифкациите за последниот гранслем. Најдобарата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, која има импресивна сезона во август, може да ја видиме на терените на „Флешинг медоу“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top