| четврток, 6 декември 2018 |

Акраповиќ: Во Баку треба да одиграме најдобро што можеме

skendija pres

Шкендија пристигна во Баку каде денеска во 18 часот ќе го одигра првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на Европа против азербејџанскиот Нефчи. Тренерот Бруно Акраповиќ и дефанзивецот Ардијан Цуцули се појавија на вчерашната задолжителна прес – конференција, пред опфицијалниот тренинг на македонскиот претставник на стадионот “8 КМ„ во Баку.

– Градот е прекрасен, а луѓето се срдечни. Се чувствуваме убаво во Баку. Не очекува тежок натпревар утре, но ние сме подготвени за предизвикот. Го анализиравме Нефчи, тоа е квалитетен тим, а најмногу ’во око’ ми паднаа Араз Абдулајев, Руслан Гурбанов, Рахман Хаџијев и Ванче Шиков. Но, и голманот, кој го познавам од порано е и многу квалитетен. Шкендија во Баку дојде да одигра најдобро што знае и веруваме дека можеме да останеме непоразени. Би биле задоволни со реми, доколку постигнеме и погодок, и, секако, со победа – изјави тренерот на Шкендија, Бруно Акраповиќ.

Ардијан Цуцули му ја префрли фаворитската улога на Нефчи.

– Домаќините се фаворити, тоа е јасно. Имаат поголемо искуство во европските купови, но и поголем буџет. Но, ние ќе го дадеме својт максимум и се надеваме на поволен резултат пред реваншот во Македонија – истакна Цуцули.

По ова, Шкендија го одработи и официјалниот тренинг во Баку, во пресрет на утрешниот прв дуел со Нефчи, во рамките на второто коло од квалификациите за ЛЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top