| четврток, 6 декември 2018 |

Србија се спаси од сериски убиец: Пронајден чеканот со кој била убиена Драгана

Србија, дефинитивно, се спаси од сериски убиец откако тој заврши зад решетки. Владица Р. монструмот што ја уби малата Ангелина, за жал не го направил само ова ѕверско дело. Кај него е пронајден и чеканот со кој била убиена 47-годишната Драгана Стенковиќ на 18 јуни.

Во тракторот со кој се возел убиецот, е пронајден чеканот со кој е извршено свирепото убиство, но и мобилниот на несреќната жена, која е неговата втора жртва за која тој и сам го призна убиството.

Тој ја удрил со чеканот и таа загубила свест, паднала, а тој ја задавил, ја ставил во јорган и ја фрлил во река.

Потоа, ја уби и малата Ангелина, која имаше само три години. Ја силувал, мачел и со камен буквално и го прснал черепот.

Поради начинот на убиствата, полицијата се сомнева дека тој ја убил и Јелена Крсмановиќ Марјановиќ на која ѝ бил голем обожавател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top