
Се подобрува здравствената состојба на момчето кое беше тешко повредено во првомајската несреќа во Кочани.
Кај најтешко повреденото девојче состојбата е се уште критична.
Момчето кое во скопскиот Ургентен центар беше донесено во длабока кома со тешки повреди на черепот и пригмечен мозок и денеска се чувствува многу подобро и ќе биде префрлено на Клиниката за неврохирургија, информира дежурниот лекар од клиниката. Тоа се уште е на механичка вентилација.
Останува непроменета состојбата на најтешко повреденото 14 годишно девојче кое при падот од тракторот го скршило черепот од каде при операцијата морала да и биде отстранета ќерамида.
Докторите велат дека состојбата на девојчето е многу тешка, но сепак се оптимисти бидејќи состојбата и е стабилна и нема промени кон полошо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


