Лука Дин веќе и официјално е фудбалер на Барселона. 22-годишниот лев дефанзивец на ПСЖ потпиша договор со каталонците за 5 години.
Барса ќе му плати 16,5 милиони евра на ПСЖ за правата на Дин, откако привлекувањето на Рафаел Гереиро доживеа неуспех. Како што е познато, португалскиот репрезентативец премина за 12 милиони евра во Борусија Дортмунд.
Дин ќе се натпреварува за стартното место со Жорди Алба. Французинот ќе биде третото ново засилување на каталонците, откако вчера беше прогласен трансферот на друг Французин – Семјуел Умтити, а пред тоа на „Ноу Камп“ се врати Денис Суарез.
Дин е сметан за еден од најталентираните леви дефанзивци во Европа и во минатата сезона играше под наем во Рома. „Волците“ имаа опција да го купат Французинот, но не сакаа да ги платат бараните 16,5 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Роналдо признал дека ја силувал Мајорга!
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Вида гол, во четири часот наутро и пее серенада на својата сопруга, ова е нејзината реакција (Видео)