| четврток, 6 декември 2018 |

Лео никогаш поблиску до нас – со уште пет оскаровци доаѓа на Балканот

Леонардо ди Каприо ќе го продуцира новиот филмски спектакл за почетоците на Робин Худ. Оскаровецот во јануари и февруари следната година ќе снима на хрватското приморје, потврди градоначалникот на Дубровник, Андро Влахучиќ, додавајќи дека покрај холивудскиот актер, ќе дојдат уште други петмина оскаровци.

Дубровник следната година ќе биде шумата Нотингем, а во улогата на Робин Худ, сепак, нема да го гледаме Лео, туку младиот актер Терон Еџертон од „Кингсман: тајната служба“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top