Земјотрес чиј епицентар потекнува од скопското епицентрално подрачје е регистриран вечерва во 19 часот и 13 минути од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Од досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала–1998.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.