| четврток, 6 декември 2018 |

УКИМ го објави конкурсот за запишување во академската 2013/2014

ukim-

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти во прва година во учебната 2013/2014 година, според кој има  10.311 слободни места.  Од нив, за редовни во државната квота слободни се 6.092, 3.144 се за редовни со кофинансирање на студиите и 1.075 за вонредни студенти.

Бројот на слободни места на факултетите е усогласен со барањата на пазарот на трудот, така што има повеќе места за техничките науки.

Цената на студии во државната квота е 200 евра или 100 на дисперзираните студии и 400 евра за студентите што ќе кофинансираат.

Првиот рок за пријавување на кандидатите е на 15-ти и 16 август, вториот е на 3-ти и 4 септември и третиот, на факултетите на кои ќе има слободни места, е на 17 септември.

Конкурсот е објавен на веб-страницата на Скопскиот универзитет www.ukim.edu.mk. Во него се наведени условите и критериумите за запишување,  начинот за селекција на кандидатите и бодирањето од успехот во средното образование и од државната матура, од која екстерните предмети матурантите годинава  ќе ги полагаат на 8 јуни (мајчин јазик и литература) и на 11 јуни (математика, странски јазик, филозофија или естетика).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top