
Двајца охриѓани, познати на полицијата по насилни инциденти се степале завчера пред клубот „Хавана“ во Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И.(37) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
Завчера (02.05), околу 01, 30 часот, пријавениот со тврд метален предмет му нанел повеќе удари по главата на Д.Ј.(25) од охридското село Лешани. Настанот се случил при нивна случајна средба на паркинг простор во близина на ноќниот клуб „Хавана“ при што настанала вербална расправија. Во еден момент настанало меѓусебно туркање во кое двајцата си размениле повеќе удари со раце и нозе здобивајќи се на тој начин со телесни повреди. Притоа, пријавениот А.И. успеал на Д.Ј. да му нанесе неколку удари со тврд метален предмет во пределот на главата по што со своето возило марка „ауди“ избегал од местото на настанот. Пријавениот А.И. како и нападнатиот Д.Ј., се лица познати сторители на повеќе казнени дела против кои и досега СВР Охрид има поднесено кривични и прекршочни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


