| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија утре во портокалова фаза, заштитете се

­

faza

Според најавата на метео­алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, соопшти Министерството за здравство.

Граѓаните од целата држава, како што се наведува, потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се внимава при подготовката и консумирањето на храната.

На хронично болните лица им се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапија. Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страната www.toplotnibranovi.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top