| четврток, 6 декември 2018 |

Шкендија пристигна во Азербејџан, тетовци се оптимисти

skendija

Македонскиот вицешампион Шкендија утрово пристигна во главниот град на Азербејџан каде утре од 18 часот ја очекува првиот натпревар од второто квалификациско коло од Лигата на Европа против Нефчи.

Тетовци, по одличните две изданија против полската Краковија, максимално оптимистички ги очекуваат и дуелите со Нефчи, верувајќи дека уште во Баку ќе го потврдат својот квалитет, па со поволен резултат ќе го очекуваат реваншот за седум дена во Македонија.

skendija 2

Шкендија вечерва од 18 часот ќе го одработат и единствениот тренинг во очекување на натпреварот, на стадионот „Бакчел арена“, а претходно од 17:40 часот, шефот на стручниот штаб, Бруно Акраповиќ и капитенот Ферхан Хасани ќе имаат и задолжителна прес-конференција за азербејџанските медиуми.

skendija 5

skendija 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top