Кинезите сакаат да влезат на голема врата во светскиот клупски фудбал, па затоа вложуваат огромни средства за да привлечат дел од најдобрите фудбалери на денешницата во нивната лига.
Последен кој се реши на ваков чекор е Италијанецот Грацијано Пеле, а неверојатна понуда доби аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин кој имаше фантастична сезона во Наполи во Серија А лигата и беше најдобар стрелец.
Клубот Хебеи форчун, каде игра неговиот сонародник Езекиел Лавеци, му понуди да стане убедливо најскапиот светски фудбалер, со годишна плата од фантастични 50 милиони евра. И тој ја одбил оваа понуда, со оглед дека се уште не сака да си замине од Европа.
Ова ги разлутило раоводните луѓе на Хебеи, кои очекувале дека ќе го направат најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.
Само за споредба, Кристијано Роналдо и Лионел Меси се најплатените фудбалери на денешницата и заработуваат по 21 милиони евра годишно, а Бразилецот Хулк, кој исто така замина во Кина, има 20 милиони евра плата по сезона. Значи, Гонзало Игуаин доби апсолутна неверојатна понуда во светот на фудбалот и по кусо размислување, сепак, ја одбил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Прва сезнација на фудбалското СП: Аргентина ремизираше со Исланд, Меси промаши пенал