| четврток, 6 декември 2018 |

Рог: Вардар е многу опасна екипа, но покажавме дека сме поквалитетен тим

marko rog

Замената на Марко Пјаца во составот на Динамо Загреб на вчерашниот меч во Скопје, млојадиот Марко Рог ја покажа својата класа и ги зголеми шансите за трансфер во еден од големите европски гиганти ова лето.

Тој беше стрелец на вториот гол на „модрите“, а по мечот репрезентативецот на Хрватска истакна по мечот дека и се радува на победата од 2-1, но и повика загрепчани да бидат претпазливи пред реваншот на 20. јули.

– Вкупниот впечаток е дека ја заслуживме победата, подобри сме од Вардар, но тие се опасна и незгодна екипа. Им честитам на одличната претстава која повикува да останеме цврсто на земја. Не ни паѓа на памет да ги потцениме и да се опуштиме пред реваншот во Загреб. Тоа може скапо да не чини. Не чека нов тежок меч против Вардар. Сепак мислам дека сме поквалитетни за нијанса и можеме да се пласираме во следната рунда – вели Рог.

Признание и комплименти за добрата игра на Вардар дојдоа и од останатите фудбалери на Динамо, екипа која сепак е огромен фаворит за пласман во третата квалификациска рунда за пласман во ЛШ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top