
Се одбележа 12 годишнината од загинувањето на двајцата штипски бранители Влатко Петров и Димитар Двојаковски, кои загинаа во конфликтот во 2001-та во кумановско Ваксинце.Одбележувањето на годишнината се одржа на две локации – во спмен паркот Кртеќе каде што е погребан Двојаковски и на вечното почивалиште на Петров во Чардаклија.
Почит им изразија нивните колеги бранители, членовите на семејството, локалната самоуправа и претставници на Министерството за одбрана. Градоначалникот Илчо Захариев изјави дека ќе именува две улици во Штип со имињата на двајцата бранители а во план е изградба на спомен обележје на сите штипски бранители. На одбележувањето на загинувањето на бранителите не присуствуваше министерот за одбрана Џафери .
Двојаковски и Петров беа првите првите жртви на конфликтот во 2001 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


