Едно лице е тешко повредено во стравичната несреќа што утрово се случи во Автокоманда, откако автомобил се преврти на покрив кај училиштето АСУЦ. Во Ургентниот центар итно бил пренесен возачот на автомобилот „пежо 206“, кој во автомобилот бил сам, пренесе „Курир“.
Возачот, од засега неутврдени причини, ја пробил заштитната ограда на надвозникот, излетал на булеварот и се превртел на покрив. Повеќе детали се најавени во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.