Победникот во шоуто Големиот брат, Дарко Петровски Спејко, по се изгледа заборави на својата „ријалити” љубов Тина Шегетин и си фати нова девојка.
Новота девојка Спејко ја покажал на Инстаграм, и тоа објавувајќи фотографија под
која напишал „Мојата кралица“.
27годишниот Спејко со атрактивната бринета, која се вика Нена и е од Куманово изгледа конечно успеа да ја заборави Тина со која врската ја започна по излегувањето од шоуто. Очигледно му тргна ем во љубовта ем во
работата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.