| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Горан Хаџиќ поранешниот претседател на Република Српска Краина

Goran-Hadzic-s-prijateljimaВо Нови Сад денеска почина поранешниот претседател на Република Српска Краина, Горан Хаџиќ, кого Хашкиот Трибунал минатата година го пушти на привремена слобода од здравствени причини.

-По тешка болест денеска во Клиничкиот центар Војводина почина Горан Хаџиќ, поранешниот претседател на Република Српска Краина- сооошти Клиничкиот центар.

Хаџиќ почина во Ургентниот центар, вечерва околу 20 часот, во 58-та година‚ соопшти Српската радикална партија во Белград.

goran-hadzicХаџиќ, кој имаше тумор на мозокот, во април 2015 година беше пуштен на привремена слобода за натамошно лекување, а судењето во Хаг во април годинава беше прекинато на неодредено време.

Од тогаш тој живеееш во Нови Сад.

Хаџиќ, како последен обвинет во бегство, српските власти го уапсија во летото 2011 година.

Судењето почна во октомври 2012 година и беше прекинато во октомври 2014 година, кога му се слоши во судскиот притвор.

Одбраната тогаш прецизира дека Хаџиќ болува од тумор на мозокот и дека болеста е „во завршна фаза“.

Тој беше обвинет за прогон на Хрватите врз расна, верска и политичка основа, за истребување, убиства, незаконско притворање, мачење, нечовечки дела, депортација и присилно преместување во периодот од 1991 до 1993 година во источна Славонија и Книнска краина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top