| четврток, 6 декември 2018 |

Братчиња на 4 и 5 години се затруле со дијазепам

detska klinikaДве деца од Дебрешта денеска со амбулантно возило се пренесени од Прилеп, откако испиле апчиња дијазепам.

Затруените дечиња, братчиња на воздраст од 4 и 5 години, се наоѓаат на Клиниката за детски болести во Скопје, и нивната состојба е стабилна, а децата се будни.

Утринава биле донесени во болницата во Прилеп, каде што им била направена детоксификација, но сепак децата се пренесени во Скопје со амбулантно возило.

Во Детската клиника им е укажана севкупна лекарска помош. Од оваа клиника велат дека се работело веројатно за помало колилчество апчиња, пренесе ТВ Нова.

Од Клиниката упатуваат апел до семејствата во кои има деца, апчињата да се чуваат подалеку од дофат на децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top