| четврток, 6 декември 2018 |

Полска: запленети 150кг хемикалии за бомби

polska policijaПолската полиција заплени над 150 килограми хемикалии за изработка на бомби при рации во целата земја, две седмици пред посетата на папата Франциско и на стотици други верници од целиот свет, по повод Меѓународниот ден на католичката младина, јави ДПА.

– Со тоа количество може да биде разнесено едно мало село, изјави претставничката на полската полиција Агнешка Хамелуш.

Операцијата е извршена во 12 полски града и при тоа се приведени 14 лица кои се сметаат за сопственици на хемикалиите за изработка на бомби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top