Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ја има целосната доверба на партиските структури и е политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба меѓу народот, остро реагираат од партијата на власт на информациите што ги пласираа опозициските медиуми блиски на СДСМ дека наводно се подготвува избор на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Никола Груевски е политичарот кој 10 години наназад добива најголема поддршка на изборите. СДСМ – Сорос ќе се уверат и на претстојните избори дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе ја поразат нивната деструктивна политика. Дезинформациите раширени во медиумите на СДСМ – Сорос се само пуста желба на аболицираниот криминалец Зоран Заев кој мисли дека би се спасил од нов изборен пораз доколку пласира невистини за наводна смена во врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Аболицираниот криминалец Зоран Заев уште еднаш ќе биде жестоко поразен на изборите и ќе мора да ги врати парите кои ги украл од граѓаните“, стои во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер


