| четврток, 6 декември 2018 |

Лев останува селектор на Германија и во следните две години

joakim lev

Германија не успеа во желбата да ги обедини светската и европската круна, но челниците на Фудбалската федерација во оваа земја сепак имаат апсолутна доверба во Јоаким Лев. Така, селекторот кој пред две години ја искачи Германија на врвот на светскиот фудбал денеска и официјално потпиша нов договор, со важност до завршувањето на СП 2018 во Русија.

– Ниту во еден момент не се сомневавме околу иднината на Јоаким Лев, кој стана светски првак во Бразил и сега со нашата репрезентација ќе ја брани таа титула во Русија во 2018 година. Тој е најдобриот селектор за нашата репрезентација – соопшти Рајнхард Гриндел, претседател на Германската фудбалска федерација.

И самиот Лев, кој е селектор на „панцерите“ уште од 2006 година, не го криеше задоволството од продолжувањето на соработката.

– Јасно е дека сите сме разочарани од исходот на овој шампионат, но не смее да се заборави дека ја имавме и најмладата репрезентација на ЕВРО 2016. Јас гледам огромен потенцијал во овие момци и убеден сум дека ќе имаме уште посилна репрезентација на СП во Русија по две години – оптимист е Јоаким Лев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top