Вчеравечер во 04,30 часот на скопскиот аеродром „Александар Велики“, на излез од РМ за Виена се пријавил 32-годишен Французин.
По извршената проверка и контрола, тој се упатил кон излезот 201, каде што чекал да ги повикаат патниците што ќе патуваат за Виена, но чекајќи заспал на столовите и го пропуштил летот.
Откако се разбудил и видел дека го пропуштил летот, во паника почнал да вика, а во еден момент почнал да трча и да удира по вратите од излезот 201. Тој насилно ја отворил вратата и се упатил на мостот сакајќи да влезе во авионот, каде што вратите биле затворени. Кога видел дека авионот е подготвен за полетување, почнал насилно да тегне по вратата, по што го напукнал стаклото од вратата. Во паника, се симнал по помошните скали и насилно отворајќи ја вратата од мостот излегол на платформа, каде што почнал да трча по авионот, на кој во моментот му биле вклучени моторите.
Возачот на придружното возило на „ТАВ“ во моментот на поставување на авионот на позиција за полетување, забележал лице како трча по воздухопловот и вика со неразбирлив јазик на висок тон, по што излегол од возилото и го спречил лицето да се упати кон авионот, по што го известил Секторот за безбедност .
Од страна на обезбедувањето бил фатен и предаден на ПО Петровец за натамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.