| четврток, 6 декември 2018 |

Петнаесет совети како да јадете здраво и евтино

Здравата храна не мора да значи дека е скапа. Најскапа е исхраната по ресторани, така што секој оброк што ќе го подготовите дома, секако ќе биде поевтин од готовот, односно купениот.

Како да се храните здраво и евтино?

1.Купувајте сезонско овошје, поевтино е, па потоа замрзнете го за подоцна. Од него може да правите и сокови.

2. Напрвите ручек со сезонски зеленчук, секако дека така ќе поминете поевтино. Истото важи и за зеленчукот, и него може да го смрзнете.

3. Коскести плодови и зачини купувајте рефус, неспакувани се поевтини.

4. Инвестирајте во стаклени тегли во кои ќе ги чувате намирниците што ги купувате рефус. Така ќе го сочувате квалитетот на намирниците.

5. Инвестирајте во лонец за бавно готвење, бидејќи така ќе зготвите здрав ручек без премногу маснотии и може да подготовите и пет пориции што подоцна ќе ги замрзнете.

6. Сезонските намирници купувајте на пазар, не во трговските центри.

7. Не купувајте сечкано овошје, тоа ја крева цената. Подгответе ја храната сами.

8. Пред пазарување испланирајте оброци и направите список за купување. И држете се до списокот.

9. Користете повеќе јајца во исхраната. Здрави се, евтини и има голем број рецепти во кои се вклучени.

10. Одберете маркет во кој ќе купувате.

11. Место студени сокови, направете сами ладен чај или лимонада дома.

12. Одгледувајте сами на балкон босилек, магдонос, рукола..

13. Големите количини во дисконтите секогаш се поевтини, ама не купувајте ако нема да потрошите.

14. Собирајте бодови или купони така што еднаш месечно може да заштедите при пазарење.

15. Не фрлајте храна! Ако ви остана нешто од ручекот или вечерата, искористите го следниот ден.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top