Најмалку девет лица загинаа, а 32 се повредени при експлозија на автомобил-бомба во Рашидија, предградие на Багдад.
Засега никој нема преземено одговорност за нападот.
Џихадистичката група Исламска држава често извршува бомбашки напади во ирачкиот главен град и други делови на Ирак.
На 3 јули во напад со автомобил-бомба во центарот на Багдад, според последните податоци, се убиени 292 лица. Тоа беше еден од најсмртоносните напади во ирачката престолнина по соборувањето на Садам Хусеин од власт во 2003 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.