| четврток, 6 декември 2018 |

Прво жешко, потоа нагло опаѓање на температурата

sonceВремето во Македонија ќе биде сончево и топло.  Попладне во западните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб југоисточен ветер, информираат од УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 30 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 36 степени.

До четврток ќе се задржи претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои на повеќе места ќе бидат над 35, а вдолж Повардарието ќе достигнат до 39 степени. Во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Во петок попладне и во сабота ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој во сабота и недела ќе предизвика значителен пад на температурите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top