| четврток, 6 декември 2018 |

„Ноќен живот” на Дамјан Козоле освои „Кристален Глобус“ за режија во Карлови Вари

Македонската копродукција “Ноќен живот” на Дамјан Козоле го освои Кристалниот Глобус за режија на престижниот филмскиот фестивал во Карлови Вари. 

-Долгогодишната и продлабочена словенечко-македонска филмска соработка ни донесе многу успеси и ова е секако еден од посветлите мигови од таа богата историја. Во овој филм учествуваше голема македонска екипа, пред се одличниот Петар Арсовски, потоа Иво Трајков монтажа, шминка Мојца Горогранц Петрушевска, користена е музика од Сашко Костов, сцецијални ефекти се правени во 3XFX студиото во Македонија, а дел од звукот е работен во Македонија од Игор Поповски, како и членови на разни технички одделенија, соопштуваат од продукцијата „Систерс енд брадер Митевски“ 

-Козоле е секогаш интересен и провокативен автор и премиерата на “Ноќен Живот” се одржа на 6 Јули во преполна сала и помина со прекрасни реакции како од самата публика така и од филмските професионалци, додаваат тие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top