| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска нова автобуска линија – ова е возниот ред

Од денеска пробно ќе започне да функционира нова автобуска линија на Јавното сообраќајно претпријатие со број „28“, а ќе сообраќа на релација од Транспортен центар до Македонско село. На оваа линија од секој работен ден и во сабота и недела ќе сообраќаат минибуси.

Нивната траса од Транспортен центар ќе продолжи по булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“, па во продолжение по „Кочо Рацин“, па потоа преку „11 Октомври“ по улица „Димитрие Чуповски“. Трасата продолжува во правец на „Свети Климент Охридски“ преку „Партизански одреди“ и „Московска“, па во продолжение по „Војвода Васил Чакаларов“ преку улица „Козле“ по патот за Горно Нерези до Македонско село.

Минибусот во спротивна насока ќе се движи по истата траса.Во работните денови автобусите од Транспортен центар ќе поаѓаат од 7:10 часот, потоа во 10:30, па во 12:10, потоа 17:20, па во 19 часот и последните се во 21 и 22:40 часот.

Од Македонско село кон Транспортен минибусите ќе тргнуваат наутро од 8 часот, потоа следниот ќе биде во 11:20, потоа во 13 часот, па наредниот е во 18:10, по него друг во 19:50 часот, а следен ќе има во 21:50 часот. Во летниве жешки денови последните две поаѓања од Македонско село кон Транспортниот центар се во 23:30 и 1:15 часот по полноќ.

За сабота и недела има друг возен ред. Поаѓањата од Транспортен центар се од 7:10 часот, потоа во 8:50, па во 11 часот, следниот тргнува во 12:40, а друг по него има во 14:20. Следен во попладневните часови поаѓа од 16 часот, потоа има друг во 17:40, па во 19:20 часот и последните два тргнуваат во 21 и 22:40 часот.

Од Македонско село кон Транспортниот центар првиот минибус тргнува рано наутро во 8 часот, потоа во 9:50, па во 11:50 часот, а потоа во 13:30 часот. Во попладневните часови еден поаѓа во 15:10 часот, потоа има во 16:50, па друг тргнува во 18:30, па во 20:10 часот. Ноќните тргнуваат во 21:50, во 23:30 и последниот е по полноќ во 1:15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top