| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на Роналдо ова му го порача на Паје

Кристијано Роналдо со солзи во очите го напушти теренот на Стад де Франс. По судирот со Димитри Паје капитенот на Португалија го извлече подбелиот крај и по 25 минути игра мораше да замине во соблекувалната.
Мајката на Роналдо Долорес Авеиро на социјалните мрежи напиша дека е горда на својот син.
-Мојата гордост, напиша покрај фотографијата на Роналдо.
-Мојот син повеќе не може да игра, но Португалија и натаму може да ја освои титулата, напиша.
А што се однесува до инцидентот со Паје…

-Кога престаневме да играме фудбал? Удри ја топката, не противникот. Не можам да го гледам мојот син колку страда, порача Долорес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top