На дваесеттина минути по почетокот, фудбалската репрезентација на Португалија доживеа хендикеп во финалето на Европското првенство против Франција што се игра на „Стад Д’ франс“ во париз. Најдобриот фудбалер на португалците, капитенот, Кристијано Роналдо заработи повреда на левото колено по која не можеше да го продолжи мечот.
Димитри Паје по еден дуел на средината на теренот го повреди Роналдо кој остана во солзи. Подоцна се обиде да продолжи да игра откако доби лекарска помош, но во 25-та минута самиот побара замена. На неговото место во селекцијата на Потругалија влезе Рикардо Кварезма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.