| четврток, 6 декември 2018 |

Фенг шуи: Постојат места во домот каде никако не треба да ставате огледало

Огледалата нудат одраз на она што се наоѓа во нивната непосредна близина и токму тоа ги прави корисни за Фенг шуи. При изборот на огледало треба да имете бројни фактори во предвид. Прво и основно е да се утврди местото каде ќе се наоѓа огледалото, а потоа и функцијата која треба да ја исполни.

Огледалата во фенг шуи ги користиме за да се зголеми просторот или енергијата, да се надомести недостатокот на некоја просторија, да се сврти текот на позитивната енергија (шенг чи) во саканиот правец, или за да се одбие негативната енергија (шар чи).

Забрани: Огледалата го зголемуваат она што го прикажуваат, така што создаваат одраз од било што, а тоа неповолно за добар Фенг шуи. Всушност, постојат доста забрани поврзани за огледалото.

Никогаш не би требало да биде ставено огледало така што да создава директен одраз на влезната врата, бидејќи така целата позитивна енергија која сака да влезе во домот ја пракаат надвор. Не смеете да ги поставите ни да создаваат одраз на тоалетот, ниту на купатилото или кујната.

Во собата за спиење создаваат каги и недоразбирања меѓу сопружниците. Било да се на ѕидот, таванот или гардероберот-огледалата создаваат одраз на луѓето кои спијат.

Мора да знаете дека огледалото  е воден елемент и со самото тоа не би смеело да влезе во јужниот сектор на домот.

Поволно поставување: Во мали простории големото огледало ќе создаде привид дека просторијата е поголема. Во трпезаријата(не во кујната) создава одраз на храна на масата и семејството кое јаде заедно и така ќе донесе благосостојба и хармонични семејни односи.

Во продавниците се повеќе огледалата се поставуваат на место каде создаваат одраз на касата.

Потеклото на тоа се наоѓа во Фенг шуи: огледалото симболично го удвојува количеството на пари кои влегуваат во касата и со тоа донесува позитивна енергија која привлекува поголемо богатство.

Со огледало може да го надоместите недостатокот на некоја просторија која има неправилен облик. Потребно е само да поставите огледало на оној ѕид кој го пореметува правилниот обилк на просторијата и симболички-огледалото ќе го продолжи просторот во оној правец во кој е потребно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top