Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) официјално ги одби сите барања на руските атлетичари кои дефинитивно нема да учествуваат на Летните Олимписки Игри во Рио де Жанеиро. Како што е наведено во соопштението од страна на Олимпискиот комитет на Русија, право за настап единствено и е овозможен на Дарја Клишина која се натпреварува во скок во далечина, а неизвесен е и настапот на Јулија Степанова. Доколку двете одлучат да настапат тоа ќе го направат како неутрални натпреварувачки.
Тренерот на Јелена Исинбаева, Евгениј Трофимов, најави жалба до Спортскиот суд за арбитража во Лозана.
– Поради вакви пресуди ние ќе поднесеме жалба до ЦАС во Лозана како би ги одбраниле правата на спортистите. Знаевме дека во случај нашето барање да биде отфрлено ќе поднесеме жалба, така што нашите адвокати се веќе подготвени – дециден е Трофимов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.