| четврток, 6 декември 2018 |

Грмежи, дожд и град – Велигденскиот викенд ќе помине со невреме

Невреме со силен пороен дожд, грмежи и засилен ветер и локална појава на град, попладнево ја зафати Македонија.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека нестабилното време ќе продолжи и во тек на престојниот викенд и почетокот на наредната недела.

Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност, а попладне нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Температурата на воздухот ќе се движи од 24 степени до 31 степен. В недела ќе има поизолирани процеси на нестабилност со пороен дожд и грмежи, со температура на воздухот од 25 до 32 степени.

На почетокот на наредната недела ќе има благо опаѓање на температурата на воздухот, пооблачно време со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Стабилизација на времето се очекува од средината на наредната недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top