| четврток, 6 декември 2018 |

Признајте, и вие ги правите овие одвратни работи

Кога никој не не гледа, во состојба сме да направиме разни грозни работи. А, ако никој не видел, исто како да не се случило…

Се туширате, ви се оди по мала нужда, ве-це шолјата е толку блиску, а толку далеку. И тогаш одите по мала нужда во кадате. Бонус е ако после тоа миете заби на истото место.

Често не може да се сетиме кога последен пат сме купиле сунѓер за садови. Тоа што секој пат кога миеме садови на него сипаме детергент, не значи дека од време на време треба да купиме нов.

Истото важи и за пешкирот. Нема ништо погрозно кога на него бараме чисто место, без траги од маскара за да го избришиме лицето.

Зошто да валкаме лажиче кога крем или џем од тегла може да јадеме директно со прсти?

Знаеме дека остатоците од ручекот од пред девет дена кои ги чуваме во фрижидер се веќе буѓосани, ама не, ние и понатаму ги чуваме.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top