Македонскиот пливач Марко Блажевски испрати реакција до јавноста, а посветена до МОК, по одлуката да биде вреднувана неговата Б – норма за настап на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро. Тој доби поддршка од американските пливачи, дел од нив, како што наведува, и светски рекордери, испараќајќи порака до належните во Македонскиот Олимписки Комитет.
– На сликата се прикажани 10-те квалификувани пливачи за Олимписките Игри во Рио од клубот „SwimMac Team Elite“. Истите заедно имаат 21 олимписки медали, од кои 8 се злата. Двајца од овие пливачи се светски рекордери. Овие пливачи ме сметаат за рамноправен член и другар во тимот. Истите беа тотално разочарани кога им ја кажав одлуката на Македонскиот Олимписки Комитет, и самите ми понудија да ја испратиме оваа порака до овластените лица кои не го вреднуваат мојот резултат. Со надеж дека ќе ја разберат вредноста на една Б – норма што Македонија ја немала од Олимпијадата во Атина пред 12 години – напиша Марко Блажевски на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.