| четврток, 6 декември 2018 |

Меси сериозно размислува да ја напушти Барса, дали е тоа хајка од Реал Мадрид?!

Еден од најдобрите фудбалери во светот Лионел Меси по судиската одлука дека е виновен за затајување данок, и казната која ја доби од 21 месец да помине зад решетки или да ја плати сумата која ја должи како даночен обврзник во Шпанија, сериозно размислува да ја напушти Барселона и да се пресели во друга држава бидејќи се чувствува за невин. Тој мисли дека е жртва на шпанскиот правосуден систем.

lionel mesi 2

Меси се смета за обеспревен и дека му е судено по различни критериуми од останатите шпански државјани и посакува да ја напушти Барселона и Шпанија. Преговорите околу продолжување на договорот со каталонскиот гигант се прекинати. Тој има важечки договор со клубот уште две години и има сеуште доволно време да размисли за својата иднина.

lionel mesi 1

Моментално е на одмор на Бахамите и стручниот штаб не го очекува да се врати на подготовките до крајот на јули, кога се очекува да ја донесе конечната одлука. Откако Нејмар го продолжи договорот со Барселона за значително поголема годишна сума, и Меси очекува зголемување на личниот доход кој би можел со дополнителни калузули и спонзорски договори да достигнат до неверојатни 80 милиони евра за 12 месеци.

Богатите клубови од Европа пред се ПСЖ и островските гиганти од Манчестер и Челси будно ја следат ситуацијата и се подготовени до крајот на преодниот рок ова лето да му понудат иста сума колку што може и Барса да понуди па дури и поголема. Англискот медум „Сан“ пишуваше како таткото на Меси веќе седнал на преговори со богатиот руски тајкун и сопственик на Челси, Роман Абрамович и може многу лесно ако Роман е подготовен да ја плати откупната клаузула од договорот на Меси со Барселона која изнесува 250 милиони евра, аргентинскиот виртуоз да го облече синиот дрес на клубот од Лондон во следната сезона.

lionel mesi 3

Сепак и ако направи трансфер во друга држава, шпанските даночни власти будно ќе ја следната секоја негова финансиска трансакција и ако се случи повторно затајување на данок, секако на Меси не му бега и затворска казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top