| четврток, 6 декември 2018 |

11 фудбалски виртуози кои никогаш не се закитиле со титула со својата репрезентација

Голем број на фудбалски виртуози стекнаа голема слава со својата репрезентација, но за нивна несреќа не успеаа да ѝ донесат трофеј на својата нација од големите фудбалски собири. Сведоци сме на голем број такви фудбалски великани, а во продолжение можете да видете кои се најпознатите фудбалери кои со својата репрезентација немаат освоено ниту еден трофеј.

Кристијано Роналдо (Португалија) – Одигра три полуфиналиња, а в недела ќе го одигра второто финале, и е единствен од останатите кој може да го поправи овој неуспех.

kristijano ronaldo

Лионел Меси (Аргентина) – Освои само олимписко злато, но загуби четири финалиња, СП 2014 и Копа Америка 2007, 2015, 2016.

lionel mesi

Раул Гонзалес (Шпанија) – Фудбалската икона на Шпанија со својата селекција успеа да одигра само две четвртфиналиња, ЕП во 2000 и СП 2002.

raul

Луис Фиго (Португалија) – Виртуозот и можеби најдобриот португалски фудбалер во историјата беше лидер на репрезентацијата долги години, но во кариерата усеа да биде само Финалист на Европското првенство 2004 година.

figo

Паоло Малдини (Италија) – Финалист на Светско првенство 1994 и ЕУРО 2000.

paolo maldini

Роберто Баџо (Италија) – Финалист на Светското првенство во САД 1994 година.

roberto badzo

Зико (Бразил) – Одигра три СП, но само во 1978 година стигна до полуфиналето.

ziko

Јохан Кројф (Холандија) – Полуфинале на СП 1974 година.

johan krojf

Џорџ Бест (Северна Ирска) – Никогаш со својата репрезентација не беше ни блиску до освојување на некој медал.

best

Еузебио (Португалија) – Полуфинале на СП 1966 година.

euzebio

Ференц Пушкаш (Унгарија) – Финалист на СП 1954 година.

puskas

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top