Верувале или не, поминаа 10 години од последниот меч на Зинедин Зидан, финалето против Италија на Светското првенство во Германија, кое засекогаш ќе остане запаметено по инцидентот на теренот меѓу најдобриот француски играч и „валканиот“ дефанзивец Марко Матераци.
Поранешниот член на Интер успеа да го налути лидерот на Французите и го испровоцира да добие црвен картон, ситуација која се покажа како кобна за „триколорите“ кои подоцна загубија во финалето. Во изјава за „Лекип“, Италијанецот откри интересни детали на десетгодишнината од непосакуваниот момент.
– Од тој ден, постојано сите ме бараат за интервју. Моите зборови беа навистина глупави, но не ја заслужија таа реакција. Во секоја област во Рим, Неапол, Торино, Милано или Париз ќе слушнете многу полоши зборови. Не му зборев за неговата мајка, туку за неговата сестра. Го кажувам ова, зошто одредени медиуми пренесоа обратно. Мојата мајка почина додека имав само 15 години, никогаш не би навредил некого за неговата мајка. Без разлика на се, безброј пати сум кажал досега и повторно ќе кажам. Не се каам за тоа што го направив и никогаш нема да жалам за тоа – изјавил Матераци во ексклузивното интервју за „Лекип“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!
-
Инцидент на Тур де Франс, полициски солзавец ја прекина трката (ФОТО)
-
Инцидент на средбата Трамп-Путин (ВИДЕО)