| четврток, 6 декември 2018 |

Аларм во Вашингон: Капитол блокиран поради „вооружена жена“

Капитол хил во Вашингтон, седиште на американскиот конгрес итно е блокиран, а полицијата ги затворила сите приоди поради „вооружено лице“, пренесува агенцијата „АП“.

Според неофицијалните информации, прогласена е узбуна кога полцијата добила дојава дека „една вооруежна жена се обидува да влезе во зградата“.

Како што изјави едне сенатор за „Ројтерс“, полицијата се обидува да го најде лицето за кое се верува дека влегло во подрумот на зградата на Конгресот.

Блокадата важи за централната зграда и за центарот за посетители, додека зградите на Капитол хил во кои се наоѓаат канцеларии и администрација се отворени.

Новинарите кои ја следат работата на Конгресот велат дека ситуацијата е прилично мирна и дека нема многу полиција, но оние кои се во самата зграда на социјалните мрежи им е наредено да го намалат звукот на телефоните, да ги затворат и да ја заклучат вратата и прозорците и да останат мирни.

Оваа вест доаѓа откако утрово во Далас, САД со пукање од снајперска пушка беа убиени петмина полицајци, а седум се ранети за време на протестот поради убиства на Афроамериканци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top