| четврток, 6 декември 2018 |

Апелација ја одби жалбата на СЈО за изземање на судија на претходна постапка

apelaciski sudАпелацискиот суд Скопје ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство во врска со изземање на судија на претходна постапка која постапувала по предлог на обвинителството за определување мерки за обезбедување присуство, утврдувајќи дека Кривичниот суд правилно постапил.

– Постапувајќи по жалба на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) против решение на претседателот на Кривичниот суд, Апелацискиот суд Скопје, денеска, достави решение со кое жалбата на СЈО се одбива како неоснована, а решението на првостепениот суд, за неприфаќање на барањето за изземање на судија на претходна постапка, се потврдува, се наведува во соопштението на скопскиот Кривичен суд.

СЈО на 23 јуни побарал изземање на судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје која постапувала по предлог на обвинителството за определување мерки за обезбедување присуство.

Барањето од страна на првостепениот суд, како што се додава во соопштението, било одбиено по што СЈО поднело жалба до второстепениот суд, кој со горе наведеното решение утврдил дека Кривичниот суд правилно постапил и жалбата на СЈО ја одбил, а го потврдил решението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top