| четврток, 6 декември 2018 |

Претставени обновените фасади во Старата скопска чаршија

Во Старата скопска чаршија оваа година ќе бидат обновени фасади на пет објекти во рамки на проектот на Министерството за култура за реставрација на фасади од староградска архитектура. Надлежни се стручни тимови од Конзерваторскиот центар ­Скопје, кој годишно во својата програма прави проекти за пет фасади што ги изведува наредната година. Планираните пет за 2016 година се изведуваат врз основа на проекти изработени лани. Една од фасадите е готова и беше претставена денеска, а втората, на која интензивно се работи, ќе биде завршена за два месеца. Таа се спојува со хотелот „Шар“ кој е, исто така, споменик на култура и за него ќе биде изработен проект оваа година. Двата објекта во чаршијата ги посети министерката за култура Елизабета Канческа­ – Милевска, која имаше и средба со сопствениците на дуќаните што се смстени во објектите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top