Актерот Николас Линдхерст кој се прослави со улогата на Родни во популарната серија „Сплетки“ признава дека не ужива во популарноста. Тој во последното интервју говори за своето гледање на славата и признава дека често знае да измисли некоја друга професија, бидејќи според него, актерите се многу срамежливи.
Тој се осврна и на помладите колеги кои папараците ги следат во чекор.
– Најдобар пример за тоа се сестрите Кардашијан. Ја проверив нивната гледаност бидејќи мислев дека тие се насекаде. Секој ден се во таблоидите и на интернет. Ама кога ги погледнав нивните рејтинзи, поголемиот дел од емисиите за деца на „Би-би-си“ имаат двојно поголема гледаност. А, сепак, тие се тука секој ден, дел се од феноменот ’гладни за слава’ кој се шири низ нашата земја – изјави тој.
Тој додава дека не престанува да го запрепастува феноменот на реални и талент шоу емисии, но тоа го спореди со она што се случувало пред 100 години кога се продавале влезници за ментални установи за да можат луѓето да гледаат „лудаци“.
– Мислам дека не сме напредувале многу од тогаш. Овие луѓе во реалните шоуа се очигледно залудени, а сепак, се качуваат на сцената, сите знаат дека нешто не е во ред, но дозволено им е да настапат. Не знам како ова ќе заврши – изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.