Нискобуџетната авиокомпанија Визер од денеска воспостави нова редовна авиолинија Скопје – Стокхолм која ќе сообраќа секој понеделник и петок. Новата авионска линија е воспоставена во рамките на проектот за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во земјава, кој го реализира Владата на Република Македонија, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Владата на Република Македонија минатата година започна со реализација на проектот за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај заради побрз развој на цивилното воздухопловство и формирање на поконкурентни и подостапни цени во воздушниот сообраќај, односно подостапни летови за граѓаните на Република Македонија на поголем број директни дестинации од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


