| четврток, 6 декември 2018 |

Тереза Меј и Андреа Лидсом во трката за нов британски премиер

tereza mej andrea lidsomБританската министерка за внатрешни работи Тереза Меј и заменик-министерката за енергија и климатски промени Андреа Лидсом ќе се борат за местото лидер на владејачката Конзервативна партија и за функцијата премиер на Велика Британија, откако на денешното гласање на пратениците-конзервативци од трката отпадна министерот за правда Мајкл Гоув, јави Би-Би-Си.

На гласањето во вториот круг за избор на наследник на премиерот во оставка Дејвид Камерон, Меј доби 199 гласа, Лидсом 84, а Гоув, кој беше еден од лидерите на кампањата за Брегзит, само 46 гласа.

По ваквиот епилог, околу 150.000 членови на Конзервативната партија на 9 септември при изборот на нов партиски лидер својот глас ќе можат а го дадат за Меј или Лидсом.

Ова ќе значи дека по 26 година, Велика Британија повторно ќе има жена премиер. Меј или Лидсом ќе бидат втората британска премиерка во историја по Маргарет Тачер, која раководеше во Владата во Лондон од 1979 до 1990 година.

Пред референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ, Лидсом, које е поранешен директор во банка, беше дел од кампот што заговараше Брегзит, додека Меј го подржуваше останувањето на земјата во Унијата, иако не беше активно вклучена во кампањата.

Конзервативците од кампот за Брегзит сега инсистираат новиот британски премиер треба да биде од нивните редови, затоа што мнозинството Британци на референдумот се определија за напуштање на Унијата.

Но, и покрај тоа Меј важи за фаворит во изборната трка, како политичарка која има искуство по шесте години минати во Владата и во Хоум Офисот, што претставува своевиден рекорд во британската политичка пракса.

Нејзниниот противкандидат Андреа Лидсом нема такво искуство и таа важи за „почетник“ во политиката на која не би требало да и се даде премиерската функција. Сепак таа ја има подршката на целиот блок на Брегзит, кој сака победата на реферндумот да ја круниса и со свој човек во фотелјата на премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top