| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија на плажа – загина турист

плаза

Турист на 38-годишна возраст вчера почина во заливот во близина на Омиш, Хрватска. Починатиот бил странски државјан, а како што пишува Далмација њуз, не можеле да му помогне ни екипата на Итната помош ниту полицијата можела да  се приближи до заливот каде се наоѓал туристот.

На местото на несреќата може да се дојде и пешки, но проблемот е што таму има 300 нелегално изградени скали на кои Италјанецот Џузепе Спарта наводно потрошил 140.000 евра за нивната изградба.

Итната помош по некое време се обидела да дојде до настрадниот турист, но тој не покажувал никакви знаци на живот. Половина час се обидувале да го реанимираат, но за жал без успех. На готовс били хеликоптер, а се размислувало и за полициски чамец, но се било залудно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top