| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица повредени во трката со бикови во Памплона

Во првата годинашна трка со бикови што е во рамките на фестивалот „Сан Фермин“ во шпанскиот град Памплона, се повредени четири лица, се вели во болничките извештаи.

Трката почнала во осум часот изутрина. На неа традиционално учествуваат илјадници луѓе, чијашто цел е да ја поминат патеката долга 850 метри бегајќи од биковите, и сето тоа да заврши со корида. На трката имало шест бикови, и таа траела само две и пол минути.

Д-р Мануел Монтесино од градската болница наведува дека тројца имаат повреди на главата, а едно лице се здобило со повреда на раката, но ниедно од нив не е прободено со рогови.

Фестивалот „Сан Фермин“, кој трае девет дена, стана познат благодарение на романот „Сонцето повторно се раѓа“ од Ернест Хемингвеј и годишно привлекува илјадници домашни и странски туристи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top