| четврток, 6 декември 2018 |

Еден повреден во популарната трка со бикови во Памплона

Шпанскиот Црвен крст денеска соопшти дека во трката со бикови, која секој јули традиционално се оддржува во градот Памплона на северот од земјата, денеска е повредено едно лице кога бик го прободел во бедрото.

Портпарол на Црвениот крст, Хосе Алдаба, изјави дека по првата oвoгодишна трка со бикови по улиците на Памплона четири лица се префрлени во болница, од кои еден е повреден во близок контакт со животното, а другите паднале во текот на трката, пренесоа американските медиуми.

Фестивалот „Сан Фермин“, кој секоја година се оддржува во Памплона од 6 до 14 јули, е познат ширум светот по трките со бикови. Учесниците од целиот свет тогаш трчаат по тесната улица долга 850 метри, од простор во кој се држат биковите, па се до арената, додека за сето време се бркани од биковите.

Денешната трка, прва во серијата од осум, траеше само малку повеќе од две минути. Деветдневниот фестивал „Сан Фермин“, во текот на кој дење учесниците трчаат со биковите по тесните улица на Памплона, а ноќе се посветуваат на забавите, во 1926 година го овековечи Ернест Хемингвеј во својот роман „Сонцето\ повторно се раѓа“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top