| четврток, 6 декември 2018 |

Шкендија вечерва во Краков во обид за историски успех

skendija

Во таборот на македонскиот вицешампион Шкендија апсолутно никој не сака да верува дека е завршена задачата за пласман во второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Тетовци имаат убава предност од 2-0 против полската Краковија, но вечерва од 20 часот на стадионот „Маршал Јозеф Пилсудски“ во Краков ќе мора да ја повторат играта од Скопје доколку се сака останување на европската сцена.

– Сите сме свесни дека не чека тежок натпревар. Никој од нас не сака да се опушти. Покажавме дека на првиот натпревар сме квалитетен тим, постигнавме два гола, но тоа апсолутно не значи дека се е завршено – вели капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани.

Македонскиот репрезентативец потенцира дека Шкендија не е дојдена во Краков да се брани, но да го потврди квалитетот потврден од првиот натпревар.

– Секако не планираме да се браниме. Сакаме повторно да демонстрираме квалитетна игра, и на тој начин да испишеме успешна приказна за нашиот тим на европската сцена – истакнува Хасани.

Фудбалерите на Шкендија сезонава цврсто се решени, за првпат во својата историја, да го минат стартното квалификациско коло на европската сцена. Веруваат дека може да стигнат до тоа, и покрај тоа што Полјаците најавуваат агресивна игра во желбата да го елиминираат македонскиот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top